Печати

СООПШТЕНИЕ

Социјалдемокрaтската Унија им честита на четирите политички партии кои постиганаа договор, со што се одблокира Договорот од Пржино и ја вратија Република Македонија во правиот колосек.

Воедно, им порачуваме на истите да продолжат да се придржуваат со имплементација на Договорот од Пржино, а со тоа ќе се одржат и предверемените избори на кои граѓаните ќе си го кажат своето. Доста е веќе од притисоци и лажни ветувања, дојде време кога македонскиот народ децидно и повторно ќе одлучи кој да ја води оваа држава, како што одлучи и претходните избори кои очигледно на некој не му се допаднаа а со тоа и немаа можност да ги пополнат министерските фотелји. Слична беше ситуацијата во 2001 година кога се формираше Влада но овој пат истата се формира на сосем поинаков и необичен начин. Но, сепак се надеваме на подобро и истово повеќе да не ни се повтори.

Македонија нема време за заложништво на личните интереси на поедини политички  партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, поделби, неизвесност и несигурност.

Социјалдемокрaтската Унија се залага за почитување на законите, Уставот, почитување на договореното со што Македонија ќе ја добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Единстевна придобивка за Социјалдемокрaтската Унија е тоа што изборите ќе се одржат на 24 април 2015 година.

Скопје 09.11.2015 година

Со почит
Социјалдемокрaтска Унија