Соопштение
Социјалдемократската Унија (СДУ) безрезервно го поддржува предлогот за една изборна единица со отворени пратенички листи. Исто така, предлага и измена на изборниот закон во смисла на намалување на бројот на пратеници во Парламентот, како и намалување на платите на пратениците, на избраните и на именуваните функционери во сите дејности, со цел да се прекине и спречи понатамошната злоупотреба на народните пари.